Член 388 a

(3) Во јавниот повик, односно во поканата за одржување на седница на собрание на друштвото од ставот (1) на овој член треба да биде наведена адресата на официјалната интернет страница на друштвото на која ќе бидат достапни информациите од членот 388-б на овој закон.

Информации кои треба да се објават на интернет страницата кај друштво чии акции котираат на берза, односно кај друштво кое согласно со Законот за хартии од вредност е со посебни обврски за известување за време на свикување седница на собрание на друштвото

 

Член 388-б

Во период кој не може да започне подоцна од дваесет и првиот ден пред денот на одржување на седница на собранието на друштвото, како и на денот на одржувањето на седницата на собранието, друштвото чии акции котираат на берза, односно друштвото кое согласно со Законот за хартии од вредност е со посебни обврски за известување на својата интернет страница ги објавува најмалку следниве информации:
1) содржината на јавниот повик, односно поканата за свикување на седница на собрание на друштвото;
2) вкупниот број на акции и вкупниот број на гласачки права кои произлегуваат од акциите со право на глас на денот на објавата на јавниот повик, односно на денот на испраќање на поканата, вклучително и вкупен број на акции од секој род и класа;
3) документи и материјали кои ќе се разгледуваат на седницата на собранието на друштвото;
4) предложените одлуки за донесување или каде што такви нема предложено, мислења на овластен орган или тело на друштвото по секоја точка од предложениот дневен ред на седницата на собранието на друштвото;
5) предложените одлуки од акционерите кои друштвото веднаш откако ќе ги прими треба да ги објави и
6) обрасците за гласање преку полномошник и обрасците за гласање со кореспонденција подготвени за преземање електронски од страна на акционерите. Во случај ако друштвото на акционерите не им ги направи обрасците достапни за електронско преземање од неговата интернет страница, тогаш на истата страница друштвото објавува како обрасците можат да се добијат во писмена форма и на свој трошок, а по барање на акционер, ги доставува обрасците.

(2) Во случај ако се свикува седница на собрание на друштвото врз основа на членот 387 став (7) од овој закон, а јавниот повик е објавен, односно поканата е испратена подоцна од дваесет и првиот ден пред денот на одржувањето на седницата, рокот од ставот (1) на овој член се утврдува согласно со членот 387 став (7) од овој закон.