Исхраната претставува значаен дел од секој човеков живот. Расте трендот и свесноста на секој поединечно за здрава исхрана вклучувајќи сè поголем процент на здрави безбедни и органски производи, притоа истите да бидат произведени на најефикасен и економичен начин, со цел добивање на пристапни и конкурентни цени. АД Агроплод Ресен, уште од неговото основање во 1967 год. е ориентиран на постојано адаптирање на потребите на потрошувачите. АД Агроплод Ресен ориентира дел од своето производство во испорака на производи произведени со нови иновативни технологии како на пример:
Органска технологија
која е технологија на производство на овоштие со користење на препарати кои не се содржат пестициди и технологии на производство кои не содржат отрови штетни по човековото здравје во производството на овоштија, која како технологија на подолг рок дава безбедни и здрави производи, а со унапредување на оваа технологија ќе дава и висококвалитетни производи со користење на сите стручни знаења кои постојат во оваа технологија на производство. Производството во ОЕ Земјоделие се одвива со контрола на сите процеси од одгледување до финален производ а кои производи покрај висок квалитет се здрави производи кои го обогатуваат човековиот живот со здравје, здрави производи и вкусови наменети за сите генерации.