ОДГЛЕДУВАЊЕ НА ОВОШЈЕ

      АД Агроплод Ресен денес во својата дејност опфаќа производство на јаболка, цреши, нектарини, праски, круши, био-сливи и костен, како и складирање на овоштија во ладилници. Капацитетот на ладилникот изнесува 2000 тони. Предметните овоштија се директно зголемување на обемот на производство на АД Агроплод Ресен, од просечни 600 тони овоштија (јаболки) за 5 пати, во текот на 3-4 години.
      Што се однесува до другите овоштија, истите се од сортимент наменети за извоз, како и преработка, со што се зголемува целокупниот производен капацитет на друштвото и унапредува целокупното земјоделие. Воедно, дел од производствените технологии се унапредени и развиени и покрај конвенционалната технологија на производство во АД Агроплод Ресен, за што е добиен и сертификат во 2018 год. 100 % органски производ на експериментален насад од 7,5 ха, кој е најголем и единствен на проект за органска технологија на производство на поголема површина.

ЈАБОЛКА

Производниот капацитет на јаболка е 3600 тони. На насади со површина од 75 хектари се произведуваат висококвалитетни јаболка со најсовремени агротехнички мерки, во количина од 3500 тони од сортите: гала, фуџи, јонаголд принц, црвен делишес и златен делишес.

Сезона: септември – мај

Калибар: 60-70, 70-80, 80-90

ЦРЕШИ

На насади со површина од 10 хектари се произведуваат висококвалитетни цреши, кои се пакуваат во 0,250 кг до 5 кг од сортите: Реџина, Кордија, Лапинс и Феровија.

Сезона: јули – август

Калибар: 24-26, 26-28, 28-30

НЕКТАРИНИ И ПРАСКИ

На насади со површина од 17 хектари се произведуваат нектарини и праски со количини во просек од 400 тони годишно од сортите: орион и биг топ.

Сезона: август-октомври

Калибар: 55 – 65, 65 – 75, 75+

КРУШИ

На површина од 20 хектари се произведува висококвалитетна круша со количина од околу 450 тони годишно од сортите: кармен, турадонт, калуѓерка и виљамовка.

Сезона: јули-август

Калибар: 55 – 65, 65 – 75, 75+

КОСТЕНИ

На засадена површина од 12 хектари со костен се очекува принос од 250 тони на костен на годишно ниво од сортите Волос и Мороња.

Сезона: октомври-февруари

БИО-СЛИВИ

На површина од 14 хектари се произведуваат био-сливи во количина од околу 350 тони на годишно ниво од сортата стенли.

Сезона: септември-октомври

Калибар: 45+