ОРГАНСКИ СЕРТИФИКАТ

АД Агроплод Ресен во 2017 год. склучи договори за имплементација на органско производство во ОЕ Кумсал за 7,5 хектари, како и за новоподигнатите насади во текот на 2017 год. дополнителни 20 хектари органски насади со јаболко, и 10 хектари органски насади нектарина, како и ја прошири технологијата за производство на насадите со цреша, насади со сливи, насади костен, круши и други овоштија.

GLOBAL GAP

познат и како IFA, добра производна практика – е општ стандард, во чиј развој е вклучена анализата на контролни критични точки како кај HACCP, управуван согласно ISO Guide 65. Друштвото склучи договор и отпочна имплементација на GLOBAL GAP во 2017 година.

HACCP

е систем за контрола во кој безбедноста за храната е адресирана со анализа и контрола на биолошки, хемиски и физички опасности од производство на суровина, чување и одржување, преработка па сè до дистрибуција на финалните производи. Во друштвото е извршена имплементација на овој стандард.

АД Агроплод поседува и стандард ISO 9001.